Ракометарите на Бутел Скопје славеа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со конечни 24-20.
Во првиот дел од натпреварот двете екипи го менуваа водството, па така на полувремето резултатот беше нерешен 10-10. Истото темпо продолжи и во вториот дел од натпреварот. Но на крајот екипата на Бутел Скопје забележа триумф и нова победа во Суперлигата.
Најдобар стрелец во составот на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со девет погодоци, додека најдобар стрелец кај Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски исто така со девет поготоци.
Рк Тинекс Пролет 20-24 Рк Бутел Скопје
(фото-Рк Бутел Скопје)📷