Екипата на Бутел Скопје го доби двобојот со екипата на Тинекс Пролет со конечни 23-16 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје на полувреме имаше предност од 8-7. Во второто полувреме Бутел Скопје ја зголемуваше предноста, па на крај да го совлада Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Бутел Скопје беше Мајиќ со седум гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасни беа Тотиќ, Димов и Андоновски со по три гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷