Екипата на Бутел Скопје забележа победа на гостувањето во Кавадарци, кај Тиквеш со минимални 24-23 во Супер лигата.
Иако тимот на Бутел Скопје во финишот губеше со 23-22, сепак успеа да се врати и на крај да слави победа против Тиквеш.
Најефикасен кај тимот на Бутел Скопје беше Филип Николов со шест гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Срѓан Мијатовиќ со осум гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷