Екипата на Бутел Скопје забележа победа на гостувањето кај екипата на Охрид со конечни 31-29 во плеј-офот од Супер лигата.
Иако тимот на Бутел Скопје губеше во текот на целиот натпревар, сепак на крај се избори за победа против Охрид.
Најефикасни во редовите на Бутел Скопје беа Димитар Узунчев и Христијан Милошески со по седум гола, додека кај Охрид најефикасен беше Гал Цирар исто така со седум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷