Ракометарите на Бутел Скопје забележаа триумф на домашен терен против тимот на Прилеп со резултат 25-18 во 6. коло од Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје на полувреме замина со водство од 11-8. Во второто полувреме Бутел Скопје продолжи со водството, па на крај ги освои бодовите против Прилеп.
Најефикасни во тимот на Бутел Скопје беа Христијан Милошески и Дејан Михајловиќ со по четири гола, додека кај Прилеп најефикасни беа Божидар Илиески и Томислав Квастек со по пет гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷