Составот на Бутел Скопје забележа висока и убедлива победа против тимот на Струга во Супер лигата со конечни 35-24.
Тимот на Бутел Скопје уште во првото полувреме имаше високо водство, кога на полувреме водеше со високи 20-9.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Димитар Узунчев со девет гола, додека кај Струга најефикасен беше Наум Костов со седум гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷








