Бутел Скопје убедлив против Охрид

Ракометарите на Бутел Скопје го совладаа тимот на Охрид со резултат 24-17 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.

Тимот на Бутел Скопје од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 12-9. Во второто полувреме продолжи предноста на Бутел Скопје, за на крај да слави против Охрид.

Најефикасни во тимот на Бутел Скопје беа Кристијан Давитковски и Мирко Мајиќ со по шест гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Деан Шешиќ со пет гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести