Бутел Скопје ја совлада Струга

Екипата на Бутел Скопје ја совлада екипата на Струга со 34-20 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

Тимот на Бутел Скопје и на полувреме имаше висока предност од 19-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Бутел Скопје, па на крај да триумфира против Струга.

Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Филип Николов со 11 гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со 8 гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.