Вардарецот Тимур Дибиров е номиниран во изборот за најдобриот тим во ЛШ

ЕХФ го објави изборот на играчи кои ќе конкурираат за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за натпреварувачката сезона 2021/22.

Гласањето ќе трае до 15. јуни, а во изборот се најде само еден ракометар на Вардар, се работи за Тимур Дибиров.

Конкуренција на Дибиров му е Хампус Ване (Фленсбург), Уго Деска (Монпелје), Дилан Наи (Киелце), Мануел Штрлек ( Веспрем) и Себастијан Фримел ( Фленсбург).

Може да гласате на следниот линк:

https://app.eurohandball.com/

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.