Вардарфанс

Вардарки газат се пред себе, овој пат настрада Спартак

Ракометарките на Вардар забележаа лесна и убедлива победа против екипата на Спртак со 44-26.

Вардарки немаа проблем на почетокот од натпреварот, и направија добра серија за на полувреме да заминат со убедливи 26-10. Во вториот дел Вардарки како на тренинг, го полнеа голот на Спартак и забележаа убедлива победа во Суперлигата.

Најефикасна во составот на Вардар беше Бојана Диневска со десет погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 12 погодоци.

ЖРК Вардар 44-26 ЖРК Спартак

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.