Женскиот тим на Вардар го совлада вицешампионот Куманово со резултат 23-21 во натпревар од Супер лигата.
Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол, иако вардарки во стартните шест минути од натреварот се стекнаа со два гола разлика, но сепак домашниот тим со серија на погодоци не дозволи уште во првиот дел натпреварот да има поинаков тек. На полувреме се замина со резултат 11:11.
Куманово се врати во натпреварот во второ полувреме, кога израмни на 19:19, но Вардар благодарение на головите на Сара Стефаноска успеа да триумфира со резултат 21:23.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Сара Стефаноска со шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Алмеида Коста Андреза со 11 погодоци.
(фото-ЖРК Вардар)📷