Ракометарките на Вардар дојдоа до сигурна победа против екипата на Скопје, откако славеа со високи 34-16.
Вардарки со предност заминаа на полувреме од 15-7. Во второто полувреме вардарки продолжија со добрата игра, за да слават против Скопје.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Ивона Трпевска и Сара Стефаноска со по десет погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јасмина Попова со девет погодоци.
(фото – Вардарфанс)📷