Вардарки заборавија на поразот од Куманово, па го совладаа Пелистер

Ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Пелистер со резултат 31-26 во натпревар од Женската Супер лига.

Првиот дел беше изедначен, но на крајот Вардар успеа да поведе со 13-12 и така се замина на одмор, на овој дуел кој во првиот дел беше максимално изедначен.

Во вториот дел од натпреварот Вардар направи добра серија, за на крај да го совлада тимот на Пелистер.

Најефикасна кај екипата на Вардар беше Сара Стефаноска со девет гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа исто така со девет гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести