Екипата на Вардар забележа висок триумф против составот на Овче Поле Славјански Универзитет со резултат 45-22.
Вардар немаше проблеми со противникот од Свети Николе, и победата ја најави уште првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 23-12.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Симона Василева, Сара Стефаноска и Ивона Трпевска со по осум погодоци, додека во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со шест погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷