Ракометарките на Вардар остварија висока победа против Спартак со резултат 37-16 во Супер лигата.
Вардар на полувреме обезбеди висока предност од 21-7. Во второто полувреме Вардар продолжи да го полни голот на Спартак, па на крај да слави со висока победа.
Најефикасна во екипата на Вардар беше Сара Миновска со седум гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со пет гола.
(фото-ЖРК Вардар)📷