Ракометарките на Вардар загубија на домашен терен од Јуро Унирек со резултат 25-35 во првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп и со минус десет ќе патуваат на гостувањето во Холандија за вториот натпревар.
Вардарки добро го почнаа натпреварот, но имаа лош период во продолжението од првото полувреме, на полувремето Вардар имаше минус еден. Во второто полувреме со мини серија гостинките ја направија разликата, за на крај да слават победа од десет гола разлика.
Најефикасна во составот на Вардар беше Михаела Стојановска со седум гола, додека кај Јуро Уринек беше Есма Стал со 11 погодоци.
ЖРК Вардар 25-35 ЖРК Јуро Унирек


(фото-Вардарфанс)