Вардарки славеа против Стружанка

Тимот на Вардар славеше на гостувањето кај екипата на Стружанка со 36-18 во натпревар од Женската Супер лига.

Вардарки од почетокот ја преземаа контролата на резултатот, па така немаа проблеми со Стружанка во Женската Супер лига.

Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со десет гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасни беа Мендувие Далипоска и Теодора Маркоска со по пет гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести