Вардарки со 3/3 во плеј-офот, совладана Деспина

Екипата на Вардар забележа лесна победа против екипата на Деспина со конечни 36-17 во плеј-офот во Супер лигата.

Од почетокот на првиот дел Вардар направи добра серија и таа серија ја зачува до крај на полувремето, кога на полувремето Вардар имаше предност од 18-7. Во вториот дел од натпреварот продолжи добрата игра на вардарки за на крај да слават висока победа против Деспина.

Најдобар стрелец во составот на Вардар беше Магдалена Тошевска со шест погодоци, додека кај екипата на Деспина најдобар стрелец беше Елена Гулеска со пет погодоци.

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.