Женскиот тим на Вардар триумфираше во Битола кај екипата на Пелистер со резултат 29-23.
Вардарки на пауза заминаа со предност од 15-10. Во второто полувреме Вардарки ја одржуваа предноста, за на крај да триумфираат против Пелистер.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Сара Миновска со седум гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа исто така со седум гола.
(фото-ЖРК Вардар)📷