Ракометарките на Вардар забележаа убедлива победа против екипата на Гевгелија со високи 48-11 во Женската Супер лига.
Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 27-4.
Најефикасни кај екипата на Вардар беа Симона Василева и Борјана Коцева со по осум гола, додека кај Гевгелија најефикасна беше Билјана Кадиева со четири гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷