Составот на Вардар оствари лесна победа против Деспина со високи 38-20 и се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Вардар на полувреме обезбеди предност од 17-11. Во второто полувреме тимот на Вардар лесно ја реши Деспина, за пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Весна Христоска со шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷