Вардарки убедливи против Стружанка

Екипата на Вардар забележа убедлива победа против тимот на Стружанка со високи 35-17 во плеј-офот во Женската Супер лига.

Победата на Вардар беше обезбедена уште на полувреме, кога имаше предност од 19-9. Во второто полувреме Вардар само ја зголемуваше предноста, за на крај да слави убедлива победа против Стружанка.

Најефикасни во тимот на Вардар беа Трпевска Ивона и Тошевска Магдалена со по седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Делиоска Магдалена исто така со седум гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.