Екипата на Вардар забележа висока победа против Шампион со убедливи 40-25 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Вардар на полувреме замина со високи 23-10. Во второто полувреме Вардар продолжи да го полни голот на Шампион за убедлива победа.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Симона Василева со 12 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Мила Филипова со 5 гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷