Екипата на Вардар ја совлада Стружанка на гостувањето во Струга со конечни 25-17 во 2. коло од плеј-офот во Супер лигата.
Вардар од почетокот на натпреварот го презеде водството и на полувреме замина со предност од 14-7. Во вториот дел продолжи добрата игра на Вардар за на крај да забележи нова победа против Стружанка во плеј-офот во Женската Супер лига.
Најефикасни во екипата на Вардар беа Ангела Костовиќ и Бојана Диневска со пет погодоци, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска исто така со пет погодоци.
(фото-Вардарфанс)📷