Вардарци ги продолжуваат подготовките за новата сезона во комплетен состав. Со екипата на Маврово тренира и голманот Мигел Еспиња Фереира кој се приклучи, откако потпиша договор со „црвено-црните“.
Денови за одмор доби и крилото Марио Стојановски кој настапуваше за репрезентацијата на Македонија на младинското ЕП во Словенија.
Секојдневно во Маврово ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготвеност и воигрување на играчите што се приклучија во летниот период. Во Маврово, ракометарите ќе останат до 3 август по што се враќаат во Скопје.
(фото – Рк Вардар 1961)📷