Рк Вардар 1961

Вардарци се вратија на победничките патеки, совладан Тиквеш во Суперлигата

Екипата на Вардар 1961 им се врати на победите во Суперлигата и на домашен терен ја совлада екипата на Тиквеш со 34-27.

Од почетокот на натпреварот Вардар ја имаше контролата, кога на пауза замина со водство од пет гола разлика 18-13. Второто полувреме беше само формалност за екипата на Вардар да ја запечати победата против Тиквеш.

Како најефикасен во составот на Вардар 1961 се истакна Тимур Дибиров со 11 погодоци, додека кај екипата на Тиквеш како најефикасен се истакна Евгениј Темелкоски со шест погодоци.

Рк Вардар 1961 34-27 ГРК Тиквеш 2014

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.