Екипата на Вардар го совлада градскиот ривал Чаир со резултат 29-27 во натпревар од Женската Супер лига.
Вардарки успеаа да направат водство од 4-1. Чаир не се предаваше и во 20 минута, намали на 9-8. До крај на првиот дел Чаир само намали на 17-15.
Сара Стефановска во 59 минута донесе нова радост за вардарки со нејзиниот деветти гол на средбата и водство 28-27. Бојана Коцева во контра погодува за 29-27.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Сара Стефановска со девет погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Теодора Гулицоска со десет погодоци.
(фото-Вардарфанс)📷