Денеска беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Екипата на Вардар за противници ги доби екипите на Кристијанстад, Тулуз и победникот од натпреварот Дуго Село/Сесвете.
Тимот на Алкалоид доколку ги помине квалификациите против Хановер ќе игра во групната фаза со екипите на Татран Прешов, Фредериција и победникот од натпреварот Савехоф и Малме.

(фото – ЕХФ)📷