Вардар ги освои бодовите кај Еурофарм Пелистер!

Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер со конечни 27-22 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

Иако тимот на Еурофарм Пелистер добро парираше во текот на целиот натпревар, сепак во последните неколку минути Вардар со добра игра успеа да слави победа во Битола.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков, Анџеј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски со по три гола.

(фото – Гол.мк)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *