Вардар ги освои бодовите против Пелистер

Ракометарките на Вардар забележаа победа против ракометарките на Пелистер со резултат 29-20 во Женската Супер лига.

Тимот на Вардар во текот на целиот натпревар го имаше водството, па така триумфираше против Пелистер.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Леона Миленкоска и Ивана Трифуноска со по пет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска со осум гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *