Тимот на Вардар го очекува дерби натпревар против екипата на Охрид во 3. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Вардар на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Охрид.
Во продажба се пуштени билетите за овој меч, по цена од 100 денари за блоковите на трибините, и 150 денари за А блоковите.
Следното дерби во разигрувањето за титулата, закажано е за во петок (11 април, 2025 година) во СЦ „Јане Сандански“, во Скопје.

(фото – Рк Вардар 1961)📷