Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Еурофарм Пелистер

Последниот меч сезонава решава за шампионската титула, а Вардар е домаќин на екипата на Еурофарм Пелистер. Пуштени се во продажба билетите за овој меч.

Натпреварот е закажан за во сабота на 7 јуни, 2025 година во 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, во Скопје.

Во продажба се пуштени неколку блокови по цена од 150 денари, 250 денари и 300 денари. Сезонските билети важат и за овој натпревар.

Продажбата ќе се врши преку мрежата на МК Тикетс,
Онлајн – https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=6851 и преку продажните места на Мк Тикетс – https://mktickets.mk/prodazna-mreza/.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *