Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона.
Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.
Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала.
Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.
(фото – Рк Вардар 1961)📷












