Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш со конечни 32-22 во плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар и на полувреме имаше водство од 15-9, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави победа против Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Хансер Родригез со девет гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Кристијан Анастасовски со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷