Вардар го засили стручниот штаб со Аугустин Франциско Бу 

Вардар го засили својот стручен штаб со доаѓањето на нов асистент што ќе му помага на Гиљермо Милано.

Нов член на Вардар е Аугустин Франциско Бу кој доаѓа од Колстад, Норвешка каде работеше со норвешкиот младински шампион, но и со екипата на Бјасен како аналитичар на податоци.

Има и искуство и со репрезентацијата на Аргентина во текот на изминатата година, анализирајќи различни податоци, и соработувајќи со Гиљермо Милано.

Француско Бу веќе извесно време е во Скопје, и работеше на подготовката на екипата за натпреварите со Алкалоид и со Мелсунген, што „црвено-црните“ ги добија.

Бу ќе биде дел од стручниот штаб, а покрај него како помошник на Милано ќе биде и Стојанче Стоилов кој и досега беше на клупата на Вардар.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *