Вардар го засили стручниот штаб со Лидија Ажиевска

Големо засилување за младинската школа, нов член на стручниот штаб на Вардар е Лидија Ажиевска.

Вардар го засилува стручниот тим со едно од најзвучните имиња од редовите на Кометал Ѓорче Петров. Станува збор за Лидија Ажиевска, која своевремено беше носител на Кометалки а подоцна и како член на стручниот тим но и тренер на младинскиот погон на Кометал во тоа време.

Лидија со своето искуство, како ракометно така и лично ќе биде сериозно засилување во пионерската школа на Вардар и ќе придонесе за зајакнување, стабилност и интензит во целокупниот процес во работата со најмладите.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *