Вардар го објави планот на подготовките за новата сезона (ФОТО)

Со собир во Скопје, Вардар во четврток ги почнува подготовките за новата ракометна сезона. Екипата се собира на 24 јули во Скопје каде ќе се направат сите потребни медицински тестови, а потоа ќе почнат и тренинзите на тимот кои исто така ќе бидат во Скопје.

Потоа екипата заминува на висински подготовки каде ќе остане се до 13 август. Во тој период ќе се одигра и контролен меч со тимот на Бутел Скопје.

Вардар ќе игра на турнирот во Охрид од 19 до 23 август, а потоа на крај на месецот исто така ќе биде дел од турнир кој ќе се одржи во Скопје.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Купот, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

(фото – Рк Вардар 1961)📷









Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *