Ракометарките на Вардар го победија тимот на Спартак со пресврт, со резултат 39-34 во женската Супер лига.
Иако на полувреме Спартак имаше предност од 20-17, сепак во второто полувреме Вардар направи пресврт и триумфираше. Симона Василева од редовите на Вардар заработи црвен картон.
Најефикасна кај екипата на Вардар беше Ивона Трпевска со 17 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 13 погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷