Ракометарите на Вардар веќе десет дена тренираат во Скопје, и во очекување на играчите што играа на ЕП, го имаа и првиот контролен меч.
Противник на Вардар беше тимот на Пролет. За двата тренери важно беше да се види до каде се со подготовките, а деновиве Вардар ќе биде комплетен со сите репрезентативци во составот.
Победник на овој натпревар беше Вардар, откако го совлада Тинекс Пролет со конечен резултат 28-26.
(фото – Рк Вардар 1961)📷