Екипата на Вардар, која има високи амбиции за следната сезона го промовира Филип Талески за нов ракометар на клубот.
Ракометарот Филип Талески, кој настапува на позицијата лев бек одново ќе го облече дресот на Вардар.
Левиот бек Филип Талески има настапувано и за екипите на Металург, Рајн Некар Левен, Балинген и Бенфика.
“Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ ФИЛИП ТАЛЕСКИ во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип”, – објавија од Рк Вардар 1961.
(фото/видео – Рк Вардар 1961)📷