Екипата на Вардар оствари победа против тимот на Скопје со резултат 34-22 во натпревар од 5. коло во Супер лигата.
Ракометарките на Вардар од почетокот до крајот на натпреварот доминираа на теренот против Скопје.
Најефикасна во екипата на Вардар беше Сара Стефановска со шест гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Нина Неделковска со пет гола.
(фото-Вардарфанс)📷