Вардар го совлада Бутел Скопје

Екипата на Вардар 1961 забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 25-21 во плеј-офот во Супер лигата.

Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат од 10-10 на полувреме. Во вториот дел Вардар 1961 успеа да го преземи водството и да забележи победа против Бутел Скопје.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Куни Моралес со седум погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Марко Митев со пет погодоци.

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести