Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Бутел Скопје со резултат 33-30 во Купот на Македонија.
На полувреме Вардар имаше минимално водство од 17-16. Во второто полувреме Бутел Скопје парираше, но сепак загуби од Вардар.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Мигуел Пинто со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со осум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








