Во првото полуфинале од Купот на Македонија, екипата на Вардар 1961 го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 28-24 и се пласира во финалето во Купот на Македонија.
Од почетокот на натпреварот Вардар 1961 имаше водство, на полувреме имаше предност од 11-13. Во второто полувреме Вардар 1961 продолжи со добрата игра за на крај да слави против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен кај екипата на Вардар 1961 беше Тиму Дибиров со десет погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Павле Петровиќ со шест погодоци.
(фото-РФМ)📷