Вардар го совлада Загреб и се искачи на 5. позиција во групата

Екипата на Вардар забележа минимална победа против Загреб со 20-19 во Лигата на шампионите и се искачи на 5. позиција во групата.

Вардар го презеде водството и на пауза замина со предност од 11-9. Во второто полувреме беше неизвесно Загреб успеа да се врати но не доволно за победа на Вардар.

Најефикасен во екипата на Вардар беше Филип Талески со четири погодоци, додека кај екипата на Загреб најефикасен беше Чаба Лајметер со четири погодоци.

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.