Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето во Франција кај екипата на Монпелје со конечни 28-25 во натпревар од Лигата на шампионите.
Вардар од почетокот на средбата имаа водство, и тоа водство го искористија на полувремето кога заминаа со предност од 14-10. Во вториот дел Вардар продолжи со истото темпо, за на крај да се израдува на победа против Монпелје.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Оливие Њокас со пет погодоци, додека кај екипата на Монпелје најефикасен беше Уго Деска со седум погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷