Вардар го совлада Тиквеш и се пласираше на Ф4 во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар 1961 забележаа победа на домашен терен против екипата на Тиквеш со конечни 33-23 и се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Во првото полувреме Тиквеш добро парираше на Вардар, но вардарци на полувреме заминаа со предност од 15-14. Во вториот дел Вардар ја зголеми предноста и забележа победа против екипата на Тиквеш 2014.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш 2014 најефикасен беше Страхиња Симиќ исто така со седум погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.