Ракометарите на Вардар 1961 славеа против екипата на Бутел Скопје со убедливи 23-33 во плеј-офот во Супер лигата.
Вардар 1961 го презеде водството и на пауза замина со предност од 12-16. Во второто полувреме составот на Вардар 1961 ја завери победата против Бутел Скопје.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со пет погодоци.
(фото-Рк Вардар 1961)📷