Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер со минимални 23-22 и го освоија Купот на Македонија.
Во првото полувреме екипата на Еурофарм Пелистер имаше водство, на полувреме имаше предност од 8-12. Во второто полувреме Вардар 1961 со добра одбрана и добар напад успеа да направи пресврт и да го совлада Еурофарм Пелистер.
Најефикасен кај екипата на Вардар 1961 беше Филип Талески со шест погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Јосип Периќ со пет погодоци.
На крајот од натпреварот беа доделени посебни признанија. Најдобар стрелец и најкорисен играч (МВП) на Ф4 турнирот беше Филип Талески, додека најдобар голман на Ф4 турнирот беше Мартин Томовски.
Екипата на Еурофарм Пелистер го освои второто место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.



(фото-РФМ)📷








