Вардар го совлада Јуниор Кисела Вода во Купот на Македонија

Лесна и убедлива победа на Вардар против Јуниор Кисела Вода со конечни 40-23 во Купот на Македонија, за пласман на Ф4 вардарци ќе се борат против Тиквеш.

Уште од почетокот на натпреварот се знаеше дека Вардар е фаворит на овој натпревар, кога направи голема разлика и на полувреме замина со предност од 21-9. Во вториот дел вардарци ја зголемија предноста и забележаа убедлива победа против Јуниор Кисела Вода.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Јан Чувара со осум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Филип Петровски со пет погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести